Специјализираната група консултанти Резонанс го прогласија Лондон за свој град фаворит, со што ги остави зад себе на листата Сингапур и Њујорк.
За да ги изберат најдобрите градови во светот луѓето од оваа консултантска група ги земаа предвид сите параметри - квалитетот на градските паркови и отворени простори, различноста на луѓето, безбедноста, економскиот напредок, рестораните, ноќниот живот, квалитетот на уметноста и културата.
Благодарение на динамичната шопинг сцена, гастрономијата, бројните културни и уметнички случувања, Лондон минатата година го посетиле 31,5 милиони туристи, за 20% повеќе отколку во изминатите пет години. Предност на Лондон е и достапноста, бидејќи има 5 аеродроми и летови до целиот свет.
На листата на најдобри градови во светот се најдоа овие 10:
Лондон
Сингапур
Њујорк
Париз
Сиднеј
Амстердам
Лос Анџелес
Токио
Сан Франциско
Торонто
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.