Првото дете на Принцот Вилијам и Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон го прослави својот трет роденден. Малиот Џорџ кој е роден во 2013-тата година стана популарен уште додека беше во стомакот на својата мајка. Медиумите и обложувалниците, пред да се роди типуваа за неговиот пол, па за неговото име.
Имено, во Велика Британија постои т.н. „ефект на кралското бебе“, односно Џорџ предизвикува внимание, па многу мајки се трудат нивните деца да изгледаат и да ги облекуваат како малиот принц.
Џорџ го прослави својот трет роденден во Pizza Express, сосема нормална пицерија, но на невобичаен начин. Неговата торта беше поголема од која било друга роденденска торта на светот, висока цели деведесет сантиметри.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.