Според една древна кинеска медицина, видливите промени кои се појавуваат на телото можат да покажат со што се соочува една личност физички, како на пример акните кои се појавуваат на десната страна од лицето се поврзани со градниот кош. Ако патите од астма или сте пушач, вашите капилари се склони кон пукање, а можат да предизвикаат и проблеми со дишните патишта. Од левата страна на лицето пак, акните се поврзани со болести со мочниот меур и хигиената на устата.
Уши
Акните на ушите се знак дека постои проблем со бубрезите, додека акните на внатрешниот дел на увото и околу ушната школка значат дека постoи проблем со бубрезите. Во внатрешниот дел на увото, појавата на акни значи дека телото дехидрирало, односно дека во организмот има премногу соли и кофеин.
Грбот
Кожата е орган кој преку детоксикација го решава отпадниот материјал од телото, а акните на грбот можат да бидат последица на лоша хигиена, посебно ако сте склони кон потење.
Градниот кош
Акните на градниот кош најчесто се последица на претерана работа на потните жлезди што е поврзано со хормонaлните промени, лоша хигиена , но и користење на пудра во прав.
Раце
Грубата кожа може да се должи на слаба циркулација и дефицит на витамин Д.
Челото
Акните на челото се знак на проблеми со дигестивниот систем односно со тенкото црево. Освен тоа, може да биде знак и за дехидрација на организмот и потребно е да се зголеми внесот на течности.
Брада
Ако акните се појават на горната усна или на брадата, тоа значи дека имате проблеми со менструалниот циклус. Зависно од страната на која се појавуваат, можете да знаете кој јајник е во овулација.
Веѓи
Акните кои се појавуваат на веѓите и капаците покажуваат дека нешто не е во ред со надбубрежните жлезди. Стресот има големо влијание над нив, затоа обидете се да го намалите. Уште една причина која древните Кинези ја наведуваат е дека тоа е последица на ненавремено јадење.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот