Позади секоја извонредна жена, стои таткото кој верува во неа

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Во денешното општество, каде што има значително повеќе самохрани мајки отколку во минатото, постои тенденција да се верува дека една жена може самостојно да израсне дете - особено ќерка.

Сепак, нештата не се толку едноставни. Студиите покажале дека сепак присуството на татковска фигура во животот на женските деца има исклучително важна улога во нивниот емоционален развој.

Зошто се татковците ”емоционално” важни?
Според студијата објавена во Journal of Family Psychology, девојките кои имаат квалитетни односи со својот татко, имаат помала веројатност да развијат анксиозност и депресија и се подобро се справуваат со секојдневниот стрес.

Тие исто така се чувствуваат удобно да зборуваат за своите чувства и таа отвореност може да им биде од голема корист при градење односи со други луѓе.

Постоењето на татковска фигура влијае врз градење и обликување на личните вредности, сликата за себе, односите со другите луѓе, сексуалноста и чувството на контрола врз сопствениот живот.

Длабокиот, здрав однос помеѓу таткото и ќерката помага да се создаде позитивна слика за себе и пружи чувство на доверба за да се успее во животот.

Зошто татковците се ”практично” важни?
Покрај емоционалното влијание, татковците имаат големо влијание и врз финансиското и физичкото здравје на своите ќерки.

Според студијата на Рутгерс, девојките кои имаат татко кој е присутен во нивното растење од самиот почеток, се со поголема веројатност да имаат подобро здравје и доволно храна за живот (располагање со финансиски средства) отколку оние кои имаат отсутни татковци или повремено присутни.

Кога финансиската стабилност ќе се искомбинира со добро физичко и емоционално здравје, шансите за животен успех и способност за самостојно издржување се поголеми.

Влијанието на медиумите
За жал, дури и со поголемите можности во денешно време за вклучување на таткото во растењето на ќерката и градење на цврста, квалитетна врска, медиумите можат да рашират многу негативно влијание, поради сите оние емисии, филмови и серии каде мажите се прикажани како емоционално незрели и затворени човечки суштества кои не знаат ништо за жените.

Важно е татковците да не се обесхрабуваат и да ги игнорираат овие стереотипи, бидејќи секој може со малку труд и желба да докаже на светот колку е значајна и прекрасна врската помеѓу таткото и ќерката.

Улогата на мајките
Важно е да се напомене дека иако улогата на татко е од исклучителна важност, тоа не го намалува влијанието кои мајките ќе го имаат. Мајките можат да обезбедат вредни информации и совети за тоа што значи да се биде жена и тие најдобро можат да ги водат своите ќерки низ пубертетот, менструацијата и интересот за момчињата.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.