Повторно во мода- најпопуларните хеланки од 80- тите

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Се сеќавате ли на хеланките со ластик на стапалата? Дозволете ние да ве потсетиме на модата од 80-тите.

Хеланките со еластична лента на стапалата важат за едно од најпопуларните парчиња од гардеробата од 80-тите години, а ако уште тогаш сте биле љубители на модата или пак вашата мајката, сигурно во некој дел од плакарот може да ги најдете повторно.
Без разлика дали слепо ја следите модата и трендовите или пак само повремено, сигурно имате забележано како модата постојано се враќа во некој поинаков, модифициран стил на парчињата. Се разбира, постојат и оние прачиња облека кои воопшто нема да го доживеат својот „comeback“ во нова ера на модата.

Ако сте дете кое растело во 80-тите сигурно хеланките со ластик на петите сте ги мразеле, бидејќи постојато ви се „ослободувале“ од петите.
Но, колку и да не ги сакате тие се супер спомен и повторно се во екот на модата.

Последно на пистите што може да се забалежи е токму ваков крој на хеланки од најпознатите дизајнери како: Версаче, Баленсијага, Марни и уште многу други.

Бидете сигурни дека одлично стојат и ја затегнуваат фигурата, а покрај тоа ги издолжувата нозете. За есенските и зимски денови се одлично парче кое одговара на сè и се многу лесни за комбинирање.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар