Погледнете ги овие градови кои се изградени само за туристи

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Знаете ли дека во светот постојат градови изградени само за туристичка промоција и за уживање на туристите?

Овие места и немаат некоја историја или култура, а една од причините е што изградени наменски, за привлекување на луѓе од целиот свет кои тука би доаѓале само за туризам.

Канкун, Мексико
Таму не постоело речиси ништо до 1970 година, кога властите одлучиле да направат туристичка Мека. Тогаш Канкун имал само тројца жители, а денес, 45 години подоцна, има повеќе од 200 хотели и 723.000 жители. Луксузните ресорти и голф терените се она што им се нуди на туристите денес, а тука се одмораат некои од најбогатите луѓе на светот.

Атлантик Сити, САД

И на ова место не постоело ништо до 1853 година, кога никнал првиот од низата хотели. Сообраќајницата стигнала 17 години подоцна, а со неа на одмор почнале да доаѓаат и гостите. За време на прохибицијата, т.е. забраната за употреба на алкохол, во Атлантик Сити било дозволено тој да се точи, а пред 40-тина години главна атракција станале коцкарниците. Денес во овој град гостите доаѓаат поради рулетот и сите оние работи што одат со коцката.

Лас Вегас, САД

Создаден е во пустината Невада во 1905 година, како една од станиците за возови. Околу 20-тина години подоцна, со легализацијата на коцкањето, градот доживеал вистински бум, почнале да се отвораат разни хотели, да се одржуваат елитни спортски настани и денес Лас Вегас е град на забава. Секоја година го посетуваат 40 милиони луѓе, а таму посебно поволно е хотелското сместување, за да можат туристите што повеќе пари да оставаат во казината.


Дубаи, ОАЕ

Најсјајниот град на Блискиот исток не бил отсекогаш вака гламурозен. Кога би можеле да се вратиме во 18 век, на местото на Дубаи би затекнале само мало рибарско село. Иако градот пробал да се шири во неколку наврати, вистинскиот полет Дубаи го доживеал дури во 1948 година, со големите вложувања на шеикот Ал Мактум. Првиот хотел бил отворен во 1959 година, а кога после неколку години била откриена и нафта, популацијата на Дубаи наскоро пораснала за 300 насто.

Денес, каде и да се свртите во Дубаи, гледате само богатството, а посебно е интересн вештачкиот остров во облик на палма на кој си купиле куќи некои од најбогатите луѓе во светот и отвориле хотели 30-тина големи хотелски ланци.

Аваза, Туркменистан

Некои “туристички градови” настанале со победа на амбицијата над разумот. Еден од таквите случаи е и Аваза, за кој било планирано да биде бисер на Каспиското Езеро. Во изградбата се вложени милијарди, а денес таму се наоѓаат многу екстравагантни и скапоцени хотели. Единствен проблем е што Аваза никако не може да се промовира како пожелно и елитно туристичко место, од проста причина што и среде лето, Каспиското Езеро е престудено за капење и за летни радости.

Извор: www.kolektiv.me

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар