Почнува фестивалот „SEE A Paris & Berlin”

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Во Берлин денеска почнува 6. „SEE A Paris & Berlin кој ќе донесе пресек на најновата филмска продукција на земјите од Југоисточна Европа. Фестивалот, кој пред шест години почна во главниот град како “SEE a Paris”,од минатата година се одржува и во Берлин под насловот “SEEFF in Berlin”, а оваа година ќе патува и во Кина, во градот Нингбо како “SEE in Ningbo”.

Фестивалот ќе биде на престижниот Хумболтов Универзитет, од денеска до 19 мај , а потоа SEE Film Festival” се сели во Париз, каде што од 1 до 5 јуни првапат оваа година настанот ќе биде во театарот “Палас”. Во Кина закажаниот датум е од 8 до 12 јуни, каде караванот на Фестивалот ќе се стационира во Музејот на уметностите во Нингбо.

Во програмата на Фестивалот се вклучени 65 филмови, а мотото е “Балканот во срцето на светот”

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот