Плетените фустани се задолжително парче облека кое мора да се најде во вашиот плакар и оваа зима. Едноставни се за комбинација, го има во многу бои, а треба да внимавате само на текстурата и асесоарите.
Ги има во различни должини, а вие можете да ги одберете според изгледот на вашето тело. Овој вид фустани можете да ги најдете многу дизајни, плетки, бои и принтови за секоја пригода.
Плетениот фустан е одличен за на работа, може да се комбинира со чизми до колена во боја која ќе одговара на бојата и дизајнот на фустанот. Доколку сте љубители на покуси фустани, тогаш истите можете да ги носите на некое вечерно излегување со чизми над колена.
Плетениот фустан одлично одговара со колан на половина, ја истакнува фигурата на телото.
Комбинирајте го со асесоари кои само ќе ја истакнат неговата, а и вашата убавина.
Во суштина, плетените фустани оставаат голем избор за комбинација, а позитивната страна е што е многу практично парче облека. Штом го облечете, не мора да мислите што друго да облечете освен чевли. Подготвени сте за излегување и ќе се чувствувате удобно, топло и забележано.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот