Постојано слушаме што прават успешните луѓе за време на работната недела, како го организираат денот, кога стануваат и кога легнуваат, како се хранат и многу работи. Но, многу ретко се зборува за тоа што прават тие за време за викендот и дали воопшто го имаат. Одговорот е дека го имаат. Неколку совети за тоа што да правите за време на викендот, кои ќе влијаат на вашата продуктивност и успешност штом ја почнете следната работна недела.
Забавувајте се
Кога бевте деца се знаеше дека викендот е резервиран за забавни работи, Зошто не би бил и сега: Ако веќе немате свој распоред или идеја, приклучете се на распоредот на партнерот или пријателите. Кога заедно ќе имате активности ќе стане позабавно, како на пример да одите на курс за јазик или посетувате креативна работилница. На тој начин ќе го споите корисното со убавото.
Искористете ги утрата
Често за викнед има маратони и разно случувања на кои можете да се вклучите. Пробајте да пешачите или се искачите на блиската планина до вас. Работете на себе и на крајот од денот наградете се.
Создавајте традиција
Многу семејства имаат традиции за време на неработните денови. Работат напорно за време на неделата, а викендот гледаат да го поминат со семејството во облик на ручек, утрински излет и слично.
Офлајн одмор
Договорете се со себе дека попладнето ќе биде резервирано само одмор, ама оној вистински одмор како порано, без дигитални уреди околу вас. Изгаснете се и потсетете се што беше одмор.
Оставете време за истражување
Шетање, трлање или возење велосипед, активности кои можат да се претворат во авантура. Секогаш гледајте дел од викендот да биде за спонтани работи кои ќе ги уживате комплетно.
Како ви изгледа досега викнедот?
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот