Кога ќе помине полноќ ако сте дома, треба да си легнете. Зошто? Од причина што ништо добро не може да излезе од после полноќни размислувања и активности.
После полноќ немојте да му пишувате смс на бившиот
Не знаете со кого е и каде е. Можеби не сака да ве види, а ако сака, што ќе правите следниот ден кога ќе ви дојде умот на место..И никако не му се јавивајте
Не правете нови промени во животот
Овде се мисли на кратење на косата, тетоважи кај пријателот кој работи до доцна во ноќта и Фејсбук статуси за кои ќе зажалите. Да, ќе ги избришете следниот ден, ама сите ќе ги имаат веќе видено
Да вечерате мрсна, високо калорична и пржена храна
Ќе уживате во моментот, но следниот ден вашиот желудник ќе ужива да ве мачи со тегоби.
Маилови за работа
На ова никако не ни помислувајте. Изгелда непрофесионлано и некој може да ве сфати погрешно. Мислите нема да го види меилот? А вие како знаете дека ви стигнува меил - преку паметни телефони.
Не купувајте он-лајн
Ќе ви се чини дека се ви треба и токму тогаш треба да го преуредите домот со многу детали кои ќе ви стигнат за еден месец. Или пак ќе сфатите дека имате потреба од чевли, шминка, облека и слично. Големо НЕ за ова.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.