Кога луѓето сакаат да патуваат на некое место каде што не биле, прво што прават е истражуваат на интернет за него, бараат интересни места за да ги посетат, читаат препораки за културни случувања, за хотели за сместување и уште ред други работи кои се од големо значење за посета на ново место. Еден од сајтовите специјализиран за туристички препораки е traveltips4life, каде на хумористичен начин се негативните страни на Холандија, што всушност е уште еден повик да се посети земјата.
Да, има богата и разновидна култура која не сте ја сретнале никаде досега, но кому му треба тоа кога оди во земја како Холандија. Вие сте дојдени да се забавувате, а не да гледате уникатна култура.
Амстердам е најшарениот град и сигурно досега сте слушнале многу работи за него. Но, не што мислите и очекувате. , има многу интересни места за посета каде можете да пиете и пушите, а има и прекрасни ресторани. Ама има ли подосадно од стари градби полни со историја кои ги гледате на секој чекор?
Во Амстердам има колачиња со марихуана кои се легални. А кому му треба вакво колаче и одозгора на се да биде опкружен со луѓе кои лудо се забавуваат и смеат?
Има неброени видови сирење ама кому му треба ова..вие сигурно сте нетолерантни на лактоза така што преубавите сирења кои можете да ги пробате овде, нема да ви бидат од корист. Подобро да јадете празна салата, наместо превкусно сирење.
Овде има премногу урбани случувања и премногу забава. Зарем би сакале постојано да имате пристап до најдобрите забави во градот?
Ова се дел од работите кои ги нуди земјата. Вие одлучете дали би сакале да ја посетите.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот