На секој човек барем еднаш му се случило да биде одбиен, да му биде повредена гордоста и да се заљуби во личност која не возвраќа на чувствата.
Овие хороскопски знаци често се доведуваат до ваква ситуација кога се работи за вљубување, а кај дел од нив тоа се повторува и пречесто.
1. Бик
Биковите секогаш се трудат да го добијат она што го сакаат и многу често успеваат во тоа. Сепак, ним брзо им се здосадува, па почнуваат да копнеат по недостижни нешта, односно да се заљубуваат во личности кои не можат да ги имаат. Ќе бидат тврдоглави до крај и ќе направат се што е во нивна моќ за да ја освојат личноста која е очигледно незаинтересирана. Откако нема да успеат, се тешат со своето мото: „Барем се обидов!“
2. Стрелец
Непоправливи романтичари, лесно заљубливи дури и во познати личности и телевизиски улоги. Стрелците многу мечтаат и имаат способност да создадат цел свет во својот ум кој зрачи со љубовна идила. Лесно можат да ја загубат границата помеѓу реалноста и фантазијата.
3. Овен
Иако се едни од најсилните личности, припадниците на овој знак често се залетуваат по луѓе кои не се заинтересирани. Без разлика на тоа што се реални и свесни, потребно им е долго време да сфатат дека другата личност не ги возвраќа чувствата. Тие вистински веруваат дека бар во иднина другиот ќе сфати дека тие се посебни и дека ќе се оствари нивната замисла.
4. Риби
Љубовта за рибите е премногу важна и ја бараат насекаде, дури и таму каде што ја нема. Сериозно ја сфаќаат љубовта и лесно ја даваат, бидејќи таа прави да се чувствуваат целосни. Поради тоа што лесно се препуштаат, рибите често се вљубуваат во погрешна личност.
5. Скорпија
Скорпиите зрачат со преголема самодоверба, па така тие се уверени дека не постои некој кој може да им одолее или да не му се допаѓа. Не можат да прифатат да бидат одбиени и тоа ги тера уште поупорно да се обидуваат, додека конечно не сфатат на најлошиот и понижувачки начин.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.