Охрид е градот каде што се доживуваат најубавите летни спомени. Toa што го прави поубав во изминативе три години е комплексот Park Golden Beach кој се наоѓа на само 2 километри од Охрид и нуди можност да се чувствувате светски.
На самата плажа се наоѓаат апартмaните за сместување, wi-fi, вклучувајќи бар за одлична забава во текот на денот, освежителни пијалаци и одлична музика. Базенот кој е во рамките на комплексот само го надополнува моментот на уживање слушајќи ја инструменталната музика во позадина.
Она што го прави овој комплекс уште поубав се вечерните забави во ноќните часови со одлична музика за која се грижат многу познати диџеи.
Велат дека рекламата од човек на човек е најдобрата што може да постои. За Park Golden Beach се зборува од страна на повеќе од 200 000 луѓе во текот на една година.
Четвртата сезона која е предвидена официјално да биде отворена на 15 јуни, ветува уште едно лето кое нема никогаш да го заборавите.
Почувствувајте го вистинското значење на летниот одмор и релаксација, затоа што , Park Golden Beach го нуди тоа што вие го заслужувате.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот