Единствената и уникатна визија на дизајнерот Мајкл Корс за убавина сега доаѓа во форма на три посебни парфеми. Секој од нив е направен со посебно внимание за да ги рефлектира сите емоции и расположенија на идеалната жена.
„Мојот сензибилитет за убавина овој пат има проширена реалност. Тој секогаш треба да биде шик и сјаен, но пред се, тој треба да изгледа дека е достигнат без напор“ – вели Мајкл Корс
За неговата колекција, Корс креираше три мириси кои ја сместуваат жената во центарот на Универзумот и секој од нив е посебен и незаменлив. Колекцијата има три парфеми: SPORTY, SEXY and GLAM.
SEXY AMBER е парфемот кој ќе ја освои секоја жена. Неговите ноти се заводливи и сексапилни, од моќниот амбер, сандаловото дрво, заводливиот мошус и свежи ноти на портокал и мандарина.
SEXY AMBER е инспириран од храбрите бои кои често се силна страна на колекциите на Мајкл Корс. Задоволство кое нема да ве одмине и инстант сексапил се двата синоними кои го доловуваат овој уникатен парфем.
Парфемот е достапен во пакување од 30, 50 и 100 мл во високо стаклено шише со капаче во златна боја, која е заштитен знак за брендот Мајкл Корс.
Колекцијата на мириси ќе биде достапна во Anabella Beauty Spot парфимериите, Cosmo дрогериите и парфимериите Schatze.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.