Ова е првичната идеја за настанувањето на Youtube

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Youtube денес важи за една од најголемите интернет страници и е прва дестинација за милиони луѓе во потрага по нови спотови, туторијали, или гејминг клипови.

Но, многумина не знаат дека првичната цел на Youtube во 2005 била да стане сервис за спојување на самци преку видеа.
Стив Чен, еден од основачите на Youtube, говореше за тоа на фестивалот на SXSW во Остин. Според Чен, тие сакале да направат страница на која луѓето ќе говорат за своите идеални партнери, но во првите 5 дена не привлекле ниту еден корисник.

-Од почетокот знаевме дека може да се направи нешто корисно користејќи видеа, а спојување на луѓе беше очигледниот избор, вели Чен.
Покрај него први корисници биле Џавед Карим, и Чед Харли.

Токму и Карим минатата година даде изјава за почетоците на Youtube. Според него тие имале и слоган, но сепак целата работа немала смисла. Набрзо потоа, тие одлучиле дека сакаат да отворат страница на која секој ќе може да прати и да објави видео клип, а првиот видео клип официјално објавен е Me At The Zoo. После него следувала револуција.

Google во 2006 година го купи Youtube за 1,65 милијарди долари. Денес го користат повеќе од милијарда луѓе низ целиот свет, а дневно се прегледуваат стотици милиони видеа.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.