Во Битола беше отворена изложба на тема „Ана Франк – Лекции за сегашноста“ од страна на Амбасадорот на Холандија Вилен Ваутер Пломп и амбасадорот на државата Израел, Дан Оријан.
Во своите обраќања, двајцата амбасадори направија паралела од животот на младите луѓе во времето на Ана Франк и денешните можности на младиот човек.
Тие истакнаа колку е важна едукацијата на малдите луѓе и нивните наставници, а амбасадорот на Израел најави и едукативна посета на 25 наставници од Битола во Израел.
Во организацијата на изложбата „Ана Франк – Лекции за сегашноста“ која во Битола ќе биде отворена до 25 март учествуваа општина Битола, „Куќата на Ана Франк“-Амстердам, МКЦ-Битола, Младински образовен форум и здружението на граѓани АРХАМ-Битола.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот