Откријте ги малите и шармантни европски градови

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

На туристите и вљубениците во патувањето асоцијација за Европа се големите градови кои се комбинација од историја, уметност, архитектура, уметност, шарм и долги улици како Париз, Виена, Рим, Фиренца, Прага, Мадрид, Будимпешта… Но, Европа има многу тајни. Постојат градови кои иако малечки,вредат да се откријат и да уживате во се она што Стариот Континент го нуди…

Марсахлок, Малта

Симпатичен и разигран дух го исполнува ова гратче кое што всушност е главен рибарски центар во островската држава. Тука на секој чекор може да пробате вкусни риби приготвена на традиоционален начин.

Албарасин, Шпанија

Само два часа возење од Валенсија ве делат од преубавото шпанско гратче, Албарасин. Ако еднаш го запознаете, тешко ќе го заборавите. Во овој град, времето е застанато во средниот век. Сите врати се од ковано железо, и ниту една не се повторува по вид и форма.

Ароса, Швајцарија

Овој релативно малечок град во подножјето Швајцарските Алпи е омилено место за рекреација на членовите на британското кралско семејство. Штом е доволно добар за нив, најверојатно би им се допаднал на сите.

Ферара, Италија

Опколен со антички ѕидини долги повеќе од 9 километри, овој град може да се пофали со преубави палати кои датираат уште од 14-тиот и 15-тиот век, неверојатни катедрали и фантастични улици кои ќе ве маѓепсаат. Кога ќе пристегенете во Ферара, не заборавајте да пробате од нивниот одличен сладолед.

Бибyри, Англија

Ова мало гратче може да биде одлична викенд дестинација доколку сакате да се одморите, да дишете малку свеж воздух и целосно да се предадете на природата. Шармантно и едноставно, исполнето со зеленило – не би сакале да го пропуштите.

Фрајбург, Германија

Во Фрајбург – град со илјадагодишна историја во југозападна Германија живеат околу 230 илјади луѓе. Луѓе кои на никаков начин не го прекршуваат чувството на смиреност и хармонија. Едноставно, овој град е бајковитата страна на Германија.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот