8 МАРТ СЕ НАБЛИЖУВА… ИМАТЕ НЕКАКВА ИДЕЈА?

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

8 март, денот на кој се слави почитта и љубовта кон жените поради нивните достигнувања во различни сфери, но и празник кој има политичка и социолошко-културолошка димензија. Иако не сите жени сакаат да го прослават на ист начин, јасно е дека сите жени сакаат подароци.

Во поново време 8 март го загуби својот политички вкус и стана едноставно повод за изразување на љубовта и почитта кон жените на начин карактеристичен за Денот на мајката или Денот на вљубените. Во другите земји поводот за прославата сè уште се однесува на политичките и човековите права ратификувани од Обединетите нации и се негува силната, политичка и општествена свест за борбата на жените за рамноправност.

Кај нас обичаите се поинакви и најчестиот начин да се честита и прослави празникот е со подарување цвеќе или подарок кој во овој период е лесно да се одбере имајќи ги предвид одличните празнични попусти што ги нуди Топ Шоп.

Трагајќи по идеалниот подарок за8 март и по сознанијата како жените денес го доживуваат овој празник, сфативме дека многумина сепак сакаат да ги изненадат своите сакани токму на овој ден и да не пропуштат да купат нешто. Затоа од 2 до 9 март можат да ја посетат веб-страната на Топ Шоп каде благодарејќи на празничните попусти, ќе можат да го пронајдат идеалниот подарок за својата сакана.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.