Очила за сонце според обликот на лице

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Секое лице има своја убавина и уникатност. За да се истакне неговата убавина потребно е да се одберат вистинските очила за сонце.

Во моментов најпопуларни се ретрокреациите кои потсетуваат на стилот на Џеки Оназис, Џон Ленон…Во тренд се огледало очилата како и очилата со рамки во разни бои.

Без разлика на трендовите, има некои универзални правила што се однесува со изгледот на секоја личност.

На русокосите убаво им стојат студени тонови, а на бринетите потоплите. Обликот на рамката нека биде во контраст со обликот на лицето – тркалезно лице со аголни рамки и обратно.Големината на рамките треба да биде во согласност со големината на лицето.

Иако секое лице е уникатно и единствено, сепак постојат седум основни облици: тркалезни, овални, долгнавести, триаголни со основа надолу, триаголни со основа нагоре, облик на дијамант и коцкасти.

На овалните им одговараат очила кои се широки колку лицето, а на долгнавестите им одговараат очила кои визуелно ќе ја скратат должината на носот.

На триаголните лица со основа надолу има одговараат очила во јаки и истакнати бои, односно оние кои имаат изразена горна линија на рамките или се со мачкаст облик. Триаголните со основа горе треба да носат очила со светли бои и од лесен материјал, на пример без рамки би биле идеални.

Лицата со облик на дијамант најдобро изгледаат со рамки на очилата кои имаат дефинирана горна линија, модели без оквир и модели со мачкаст облик.

Коцкастите лица треба да бараат очила кои имаа тесни рамки.

Што се однесува на советите од стручните лица, тие велат дека за облачно и полуоблачно или магловито време идеални се портокаловите и жолтите очила за сонце, на пример ако возите велосипед. Очилата за сонце со жолти леќи кои се многу погодни за возење го зголемуваат контрастот и не ги заморуваат очите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот