Доколку за време на бременоста сте поканети на некој свечен настан, слободно можете да побарате инспирација во некој од модните избори на Блејк Лајвли.
Прекрасната глумица моментално е бремена со своето второ дете, но стомачето не ја спречува во намерите да привлече внимание на црвениот тепих.
На гламурозните настани таа секогаш изгледа одлично, а тајната е и повеќе од очигледна – таа не пробува да го сокрие стомакот и си дозволува на себе си да се чуствува пријатно.
Периодот на бременоста е време кога не морате да го вовлекувате стомакот и да носите помал број на облека за да изгледате убаво. Доволно е гордо да чекорите со раката на стомачето. Исто така, не морате да се воздржувате и можете да се определите за еднолични и обични комбинации бидејќи и облеката за бремени жени може да биде еднакво забавна и фантастична како и онаа “обичната”.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот