Сите знаеме за една од најпознатите шминкерки на светот, како и за нејзиниот легендарен бренд – Bobbi Brown. Оваа сезона од Bobbi Brown ни доаѓа долгоочекуваниот течен кармин.
Crushed Liquid Lip е течен кармин кој претставува комбинација на балсам за усни и интензивен пигмент кој едноставно треба да го имате на своите усни и во својата чанта сезонава.
Одличен е за сите жени кои што сакаат смели нијанси што создаваат сочен ефект на усните. Станува збор за новата линија течни кармини Bobbi Brown кои „зависниците од убавина“ нетрпеливо ги очекуваа.
Сочни кармини кои содржат супер слатка мешавина на екстракт од брусница, боровница и малина, нова формула која овозможува долготрајна покривност. Богат пигмент кој на усните создава чувство на удобност и хидратација. Лесен за носење во 12 нови нијанси кои ќе освежат сечиј изглед.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.