Ја нарекуваат убавицата на Франција. Ница, градот на кој химната му се вика Убавата Ница. Градот кој ќе ве маѓепса со својот спокој, долгите плажи, уникатната архитектура.
Што да се посети во Ница?
Англиското шеталиште е познатата променада долж Заливот на ангелите, залив во Средоземното море, во Ница. Пред Ница да биде урбанизирана, крајбрежјето на Ница било составено само со напуштена плажа со големи камења. Првите куќи биле лоцирани на повисоко земјиште доста далеку од морето, па така богатите англиски туристи во XVIII век не ја посетувале Ница поради плажата, туку поради убавото време во зима.
Пазарот Салеја се наоѓа паралелно на Кејот. Во минатото тој припаѓал на повисоките класи. Тоа е веројатно најтрадиционалниот кварт во градот, со неговиот дневен цветен пазар. Денес, овој „двор“ е главно место за забава. Тука можат да се најдат добри ресторани со типична кујна на Ница, продавници и многу пабови. Тоа е без сомнение едно од најактивните и најатрактивните места во Ница.
Плоштадот околу Судската Палата е знаменит по присуството на градскиот часовник. Денес, плоштадот на Палатата живее и дење и ноќе. Посебно го ценат младите кои се собираат на скалите кои водат кон Судската Палата, често со алкохол во рака. Ова место не е голем бар под отворено небо, иако концертите, анимациите и други настани се доста чести.
Со типични згради во црвена и окер боја кои го опкружуваат плоштадот, катедралата Сен Репарат и фонтаната, плоштадот Розети е место кое мора да се види во стариот град. Преку ден, плоштадот е претрупан со терасите на традиционалните ресторани и најдобрите продавачи на сладолед. Преку ноќ, околината радикално се менува, туристи и млади луѓе се собираат на плоштадот, каде музиката ѕуни на ѕидовите на малиот плоштад. Ноќното осветлување на плоштадот му дава магичен изглед.
„Пешачката Зона“ е уште едно интересно место во Ница. Автомобилите не се дозволени (со исклучок на камионите за испорака), а на улицата можат да се најдат првокласни ресторани, специјализирани во разни кујни. Исто така има голем избор на кафетерии каде може да се испие еспресо или да се избере од многуте специјалитети од кафиња, сладоледи и десерти, набљудувајќи го градот. Многубројни се и малите продавници за облека, чевли и сувенири.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот