Дека се претерува со правилата за деверуши, тоа го знаеме. Од луѓе кои порано не знаеја што е зборот деверуша, станавме зависни од овој тренд и на секоја свадба се гледаат се повеќе новитети.
Прво беа исти фустаните, потоа мораше и чевлите, па фризурите и на крај момчињата на деверушите(која има) мораа да бидат и тие во тон.
Постапки кои немаат никаква смисла и заради кои има нервози и стресови, оти најубавиот ден во животот нема да биде како што замислила невестата, ако деверушите не се по “правилата”.
Апсолутна глупост, бидејќи нити тие го одредуваат текот на денот, а уште помалку нивните фустани и изглед.
Последната информација поврзана со оваа тема за која се пишува на интернет е личен пример на една корисничка на социјалната мрежа Reddit.
Од неа било побарано да ја бојадиса косата во црвена боја кај фризерот на невестата на трошок кој таа ќе го покрие, за време на Големиот ден бидејќи бојата која ја имала на косата(кафена) не одговара на целиот концепт. Истата отскокнува од групата и не се вклопува никако.
Откако засегнатата девојка под корисничко име ‘bridehairthrowaway’ вратила на невестата дека не се чувствува удобно да го направи тоа, добила одговор каде и било каќано дека ќе и јават за идниот статус на “деверуша”, но доколку во меѓувреме се премисли, нејзиното место во групата девојки ја чека.
Ова е само доказ до каде може да отиде свадбеното лудило. Големиот ден – свадбата, не е тоа што ја одредува среќната иднина на бракот. Тоа е само почеток на заедничко патување чиј среќен крај го одреуваат младенците.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот