Ако не се чувствувате ценета или ако ве критикуваат, ќе бидете почувствителна кон секој оној поради кој се чувствувате посебно или посакувано. Можеби е предизвикувачки да се предадете секому кој ви дели комплименти додека партнерот постојано и само ве критикува.
На непрегледната листа дневни обврски, покажувањето некому дека го цените или почитувате може да биде последна работа на која помислувате. И колку повеќе расте таа листа, а вашиот партнер не чувствува дека го цените она што го правите за него, лутината и огорченоста само ќе растат.
Запомнете, за моногамија е потребна пракса. Што треба да вежбате за во врската да го имате она што го сакате? Додека го барате или испитувате одговорот на тоа прашање, ќе научите - од партнерот и од себе - како можете да создадете врска во која обајцата ќе се чувствувате посакани, поблиски и поисполнети.
Не треба да чекате да се случи неверство или бракот да дојде до самиот раб за да си покажете почитување еден кон друг. Да покажете некому дека го цените може само да ја подобри врската, па затоа правете го тоа секој ден.
Кажувајте му на партнерот што цените кај него и сконцентрирајте се на коментарите така што ќе му покажете дека ги забележувате ситниците кои ги прави за вас. На пример, можете да му кажете - колку ми беше убаво кафето што ми го свари утринава. Сигурно ќе добиете шолја кафе и следниот ден.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.