НБА: Запад го победи Исток во меч со рекорден број поени

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter
Во „Ол стар“ меч со најмногу поени во историјата, тимот на Западот ноќеска го совлада составот на Истокот со резултат 192:182. Постигнатите 374 поени се за пет повеќе од минатогодишниот рекорд кој изнесуваше 369 поени. 66-от дуел на ѕвездите од НБА лигата го одбележа Ентони Дејвис кој постигна 52 поени. Центарот на Њу Орлеанс го доби признанието за најкорисен играч – МВП.
Во победата на Западот голем удел имаше и Раел Вестбрук со 41 поен, додека Кеви Дурант оствари „трипл- дабл“ ефект – 21 поен, 10 скокови и 10 асистенции.
Најефикасен во тимот на Исток беше Џанис Антетокунмпо со 30 поени. Леброн Џејмс имаше 23 поени, а Кајри Ирвинг 22.
Воедно, Џејмс стана првиот играч во историјата на „Ол-стар“ натпреварите кој ја минал границата од 300 поени.
За селекцијата од Западната Конференција ова беше трета последователна победа, шеста во последните седум дуели и вкупно 29 на „Ол-стар“ мечевите, додека Истокот сè уште е поуспешен со 37 победи.
Извор:mia.mk
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот