Научете да се почитувате себеси бидејќи тоа е единствен начин да се пронајдете себеси.
Постојат луѓе кои знаат се за секого, но за себе не знаат ништо.
Таквите луѓе никогаш не е поставиле прашање кое се однесува лично на нив. Без разлика дали се зборува за луѓе со титули и тие може да живеат „изгубен“ живот, бидејќи никогаш не се запознале себеси. Кога се чувствувате осамено, започнете да трагате по себе и научете да го почитувате оној кој најмогу го заслужува тоа- ВИЕ!
Почитта треба да почне од вас
Не е потребно другите да ви кажат дека треба да се почитувате себеси. Тоа треба да излезе од вас самите. Вие не штетите никому ако се почитувате себеси. Немојте да брзате во животот, немојте да ги поминувате луѓето без да застанате.
Самопочитта ве прави посилни
Голем дел од луѓето во кои сте верувале ќе ве разочараат. Можеби ќе ве одбијат за услуга многу од луѓето кои сте ги почитувале, но верувајте дека тоа нема да ве скрши. Ако се почитувате себеси, тоа ќе ви даде сила да продолжите понатаму.
Самопочитта ви помага да се соочите со стравовите
Кога се почитувате себеси, полесно ќе се соочите со сопствените стравови. Не се проблем самите стравови во нашиот живот, туку последиците од оние моменти кога сме престанеле да веруваме во себе и да се почитуваме. Сме дозволиле надворешните околности да влијаат на нас и да нè обликуваат по свој тек.
Самопочитта е клуч за среќа
Среќните луѓе се почитуваат себеси, што е позитивна последица на самопочитта. Тоа е патот до нашата внатрешна личност и до начинот на кој другите нè доживуваат. Луѓето кои трчаат само по моменти во животот не се почитуваат себеси и не се среќни. Доказ за тоа е што после извесно време се чувствуваат неисполнети, чувствуваат празнина и веќе се во потрага по нови работи кои ќе ги направат среќни и исполнети само за момент.
Луѓето кои се почитуваат себеси имаа долготраен душевен мир кој ги прави среќни и има дава насока во животот. Ако не се почитувате себеси, не очекувајте останатиот свет да го стори тоа за вас.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот