„Најубавото лице на светот е вашето.“ -Estee Lauder

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Со новите производи на Estee Lauder до актуелен и беспрекорен мејк ап изглед.

Брендот Estee Lauder ви ги претставува трендовските мејк ап изгледи актуелни за оваа сезона, кои ја истакнуваат природната, елегантна убавина на женското лице - The REAL YOU Beauty Look.

➡️ Нежен и женствен
➡️ Модерна класика
➡️ Ретро глам
➡️ Минимален чик

Новата Pure Color Envy Lash Multi Effects mascara ќе ве воодушеви со својата двострана четкичка која ќе ги направи вашите трепки подолги и со поголем волумен. Во својот состав содржи арганово и маслиново масло, како и масло од јојоба, за совршена нега на вашите трепки. Покрај вообичаената црна, новата Pure Color Envy Lash Multi Effects mascara можете да ја користите и во сина, зелена и виолетова боја, а таа е достапна и во водоотпорна варијанта. Идеална доколку сакате да го постигнете ”Нежниот и женствен тренд изглед или пак за изгледот ”Модерна класика” и ”Ретро глам”.


Double Wear Nude Water Fresh Makeup SPF 30 течната пудра ќе направи вашата кожа да изгледа како воопшто да немате нанесено шминка и ќе добиете ефект на природна кожа. Има лесна до средна покривност и заштита SPF 30 од надворешни, штетни влијанија. Лесната текстура на Double Wear Nude течната пудра е со база на вода и покрај тоа што ќе изгледа прекрасно на вас, има хидратантно дејство врз вашата кожа. Со употреба на оваа на овој производ ќе го добиете изгледот на блескава, сјајна кожа идеална за постигнување на ”Нежен и женствен” или ”Минимален чик” изглед.


Доколку сте љубител и верен корисник на мат кармините, ви го претставуваме новиот Pure Color Envy Metallic Matte Sculpting Lipstick во повеќе нијанси, за да ги засените сите останати. Со меката, пријатна мат текстура на овие кармини и рефлектирачките перли ќе добиете изглед на беспрекорни металик усни. Совршен избор за да го постигнете актуелниот ”Ретро глам” изглед.

Revitalizing Supreme+ Global Anti-Aging Cell Power Eye Balm е крема за нега на кожата околу очите, која со тек на време ќе ја затегне и ќе ги намали линиите, борите, потеченоста и темните подочници. Оваа крема можете да ја користите и како маска за моментален блескав изглед на лицето.

 

Доколку сакате да внесете невообичаеност во вашиот секојдневен изглед на очите или да го украсите вашиот ноќен мејк ап финиш, ви го претставуваме Crystal Lash Top Coat проѕирната маскара со блескави перли кои ќе го нагласат вашиот поглед. Додајте им сјај на нежните очи.

Pure Color Envy Sheer Matte Sculpting Lipstick е нова димензија на мат кармините. Покрај високото ниво на покривност, содржи мека и лесна текстура која со хидратантно влијание, правејќи ги вашите усни меки во текот на целиот ден. Одберете ја соодветната нијанса и истакнете ги своите усни на див или нежен начин. Изборот е ваш.

Advanced Night Repair Eye Concentrate Matrix е серум кој ги прикрива видливите знаци на стареење на кожата во делот околу очите. Содржи висока концентрација на хијалуронска киселина и ја хидратизира вашата кожа 24 часа.
Нанесете, преспијте и разбудете се со поцврста и позатегната кожа. Користете го како неделна маска за дополнителна нега на кожата.

Најновите производи на брендот Estee Lauder се наменети за секоја жена, прилагодени за секој тип на кожа. Можете да ги најдете во парфимериите Anabella низ Македонија.
Бидете своја и прекрасна.

„Најубавото лице на светот е вашето.“ -Estee Lauder

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.