Најтажната љубовна приказна во кралското семејство

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Kога во 1953 година во Вестминистерската палата е одржан чинот на крунисување на кралицата Елизабета II, се очекувало сето внимание да го добие идната кралица, но една девојка сепак ги привлекла погледите кон себе – нејзината помлада сестра, принцезата Маргарет.

За време на телевизискиот пренос, камерата снимила еден момент каде што Маргарет нежно го допрела по рамо Питер Таунсенд, воен херој кој во тоа време служел во кралското семејство. Интимен гест кој создал скандал во кралскиот двор и ја открил тајната што целото семејство се обидувало да ја скрие.

Имано, принцезата Маргарет била во врска со 16 години постариот Таунсенд, кој бил веќе разведен и имал две деца. Се запознале кога дошол на разговор за работа кај нејзиниот татко Џорџ VI.

Маргарет тогаш имала само на 14 години, а постојат претпоставки дека врската ја започнале неколку години подоцна, уште пред да стане полнолетна. Официјaлниот почеток на врската се води осум години подоцна, кога таа имала 22 години.

Кога Маргарет имала 17 години, со целото семејство биле на одмор во Африка, Таунсенд бил задолжен за нејзината безбедност. За време на одморот тие честопати оделе сами да јаваат.

Иако, Питер Таусенд бил многу повозрасен од неа, разликата во години не им претставувала проблем.

Тој бил воено лица и се борел за време на војната во Индија, после која се вратил во Велика Британија и за кратко време се венчал со Сесил Роузмари Певл. Од бракот со неа имал два сина, а во 1952 година поднел барање за развод. Всушност, тоа била и најголемата пречка за врската со Маргарет.

Англиската црква смета дека бракот е света работа и не може да биде раскинат, причина заради која разводот бил скандалозен. Самата идеја дека член на кралското семејство може да се венча со разведена личност било незамисливо.

Според кралските закони, во 1772 година, браќата и сестрите на монархот, ако имаат помалку од 25 години, мораат да добијат одобрување за брак. Ако не го добијат, можат да чекаат една година, а потоа да бараат дозвола од Парламентот.

Со оглед на тоа дека Маргарет била помала од 25 години, тоа значело дека за венчавка треба да добие дозвола од нејзната сестра, кралицата Елизабета Втора.

Иако, Елизабета била многу блиска со сестра и, сепак морала да го почитува законот и да се придржува до него.

На почетокот ја замолила Маргарет да почека додека не заврши крунисувањето. Дури го пратила и Таунсенд на подолг службен пат, додека јавноста не стивне и Маргарет не наполни 25 години, па да може сама да одлучи за бракот и својата судбина.

Но, се вмешале Парламентот и јавноста, кои не ја одобрувале врската. Елизабета, за да и помогне на сестра и, смислила план кој ќе им овозможи да се венчаат. Имено, ако би дошло до венчавка, Маргарет ќе треба да се одрекне од титулата.

Со оглед на тоа дека била многу религиозна и дека од мали нозе знаела оти разводот не е нешто што е одобрено, сепак решила да го стави семејството на прво место. Така, на 24 октомври 1953 година, видно вознемирена го повикала вереникот за му каже каква одлука донела.

„Дојдовме до крајот на патот. Чувствата кои ги имаме еден за друг нема никогаш да се променат, но ние како пар едноставно не можеме да постоиме“- рекла Маргарет.

На 27 октомври својата одлука му ја кажала на надбискупот, а 4 дена подоцна на радио, пред јавноста соопштила дека веридбата е раскината.

Со скршено срце, таа продолжила да го живее животот, со многу љубовници, а била позната и по честите излегувања кои биле проследени со алкохол и цигари. Три години подоцна, стапила во брак со фотографот Ентони Армстронг Џонсон. Јавноста смета дека тоа е последица на бракот на Питер Таунсенд со 24 годишна девојка која многу наликувала на неа.

Иако, разводот не бил посакуван, таа после 18 години брак, сепак се развела. Последната средба со Питер била 1993 година, кога тој имал 78 години. Две години потоа починал, а во февруари истата година починала и Маргарет.

Нивната љубовна приказна ќе остане да важи за една од најтажните во историјата на англиското кралско семејство.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.