Гох Гвик Енг е најстарата вработена личност во Мекдоналдс. Има 92 години, живее во Сингапур, има пте деца, 10 внуци и 20 правнуци.
Таа работи на оваа работно место последниве 18 години. Почнала да работи во 1998 година откако нејзините деца се отселиле од семејниот дом и почнале свои животи.
“Откако сите почнаа свој живот, создадоа свои фамилии, домот стана премногу тивок”, изјавила таа. Затоа решила да побара работа во Мекдоналдс, место кое се наоѓа на 20 минути оддалеченост од домот.
И покрај тоа што има 92 години, таа не планира да се пензионира наскоро.
“Планирам да продолжам да работам се додека ме служи здравјето”, вели Енг, притоа објаснувајќи дека единствена негативна работа е што повремено и станува премногу жешко стоејќи пред печката каде ги подготвува помфритите.
Колегите секогаш се тука да и помагаат околу носењето на тешки работи кога не може да го стори самата таа.
Таа е една од најупорните и најпосветени работници на која сите и се воодушевуваат, имајќи ги предвид годините.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот