Најскапите егзотични мачки на светот

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Постојат преку 250 вида мачки во светот: без коса и бушави, диви и питоми, нежни, полни со љубов.

Но, едно им е зедничко на сите - тие се неверојатно убави.

Некои од нив се и многу скапи. А ова се најскапите егзотични мачки во коишто се заљубивме веднаш.

Норвешка шумска мачка

Овие мачки биле миленичиња на викинзите пред околу 2000 години. Отпорни се на мраз, а истовремено се и одлични ловци. Чинат од 600 до 3000 долари.

Шкотски Фолд

Овие мачки имаат симпатични уши кои не се исправени како кај другите мачки, туку висат надолу. Тие се резултат на генетска мутација. Исклучително се паметни. Чинат од 200 до 1500 долари.

Египетски Мау

Овие мачки се исти скоро 300 години, уште од времето на античкиот Египет. Се продаваат за 500 до 1500 долари.

Сина руска мачка

Ова е една од најпопуларните мачки со кратко влакно. Се верува дека оваа мачка носи среќа во куќата. Најсреќната мачка чини меѓу 400 и 2000 долари.

Мачката џуџе

Овој вид е создаден во САД во 2000 година. Овие мачки се многу пријателски расположени, љубопитни се и комуникативни. Ако сакате ваква мачка треба да издвоите 2000 долари.

Бенгалска мачка

Оваа мачка е создадена со мешање на азиски леопард и домашна мачка. Овие мачки обожаваат да пливаат. Се продаваат за 1000 до 4000 долари.

Каракал

Постои опасност овие мачки да исчезнат. Токму затоа чинат од 7 до 10 илјади долари, со надеж дека ќе се сочува овој уникатен вид.

Мачката Савана

Ова е најголемата мачка во светот и може да тежи до 15 килограми. Ова се интелигентни мачки, со мирен темпераменти, љубопитни и активни по природа. Ваква мачка може да се купи за сума од 4 до 22 илјади долари.

Ашера

Ова е најегзотичната домашна мачка во светот. Создадена е со мешање на домашна мачка и азиска леопард мачка. Секој може да стане горд сопственик на ваква мачка ако има помеѓу 22000 и 100000 долари.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот