Мејк ап артистите на почетокот на годината имаат еден совет за вас – излезете од добро познатите рамки. На пример, пробајте нова нијанса на бојата за коса, лак за нокти, нова нијанса на кармин. Веднаш ќе се чувствувате поинаку.
Впечатливи усни
Нашминкајте се така што целиот фокус ќе биде на усните. Останата шминка сведете ја на минимум. На овој начин ќе постигнете баланс на лицето.
Светло руменило
Оваа година во тренд ќе бидат розови и корални нијанси. Нанесувајте ги околу слепочниците и на врвовите на образите. Одберете го, на пример Blush Bourjois.
Нов тип smokey eyes
Не се ограничувајте само на сиви и кафени нијанси, туку додајте сина боја на долната линија на трепките, или зелена. Тоа ќе ви даде сосема поинаков изглед.
Бордо или темно црвена нијанса
Сите ја сакаат оваа боја, а може да ја користите како кармин, лак на нокти (La Laque Gel од Bourjois), сенка, руменило. Само, тоа нека биде во умерени количини.
Хромирани нокти
Металик ноктите порано беа сјајни, а сега се мазни, како огледало. Хромираниот изгле бара гел лак како основа и специјален прав кој внимателно се нанесува на површината на ноктот. Дури потоа се става лакот.
Природни фризури
Истакнете ја природната текстура на косата. Не ја фенирајте, не ја виткајте, само исушете ја и со прстите поминете низ неа за да се направат природни кадрички.
Пепелесто руса коса
Русата коса никогаш нема да излезе од мода, а оваа година се популарни светлите, скоро сиви нијанси. Затоа заборавете на жолтеникавиот сјај и одберете светли нијанси.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот