Модата е еден од најголемите светски загадувачи. Иако има решенија, проблемот допрва треба да се решава
(Написот е дел од кампањата на весникот Хафингтон пост “Акција за враќање“, проект кој фрла светлина врз светската криза за отпад и како да почнеме да го решаваме проблемот за загадувањето од текстилната индустрија)
“Премногу добри работи можат да бидат прекрасни” има изјавено Мае Вест, холивудска актерка и икона на стилот. Со нејзините зборови може да се опише денешната модна индустрија. Достапноста до бескраен избор на евтина облека, модели, бои, им дава шанска на луѓето да се изразат себе си, дури и ако имаат многу тенок буџет. Но, темната страна на модниот бизнис е дека премногу добри работи креираат деструкција на животната средина и човечка беда од невидени размери.
Да бидеме појасни, нема ништо убаво да ги гледате реките загадени од отровни бои, или текстилен работник кој што за милостина работи во опасни услови.
Луѓето ширум светот заедно користат 80 милијарди парчиња облека секоја година, и сите тие порано или подоцна ќе ги видите фрлени во ѓубре.
Ние мораме да го намалиме купувањето на работите и станеме посвесни за негативните влијаније од нашите постапки. Тоа не значи дека да ни се одземе забавата при купувањето облека. Тоа значи дека треба да станеме помалку импулсивни во шопинг навиките и да помислиме двапати пред да платиме уште една евтина маичка од 4-5 долари и да ја ставиме во и онака преполниот шкаф.
Фактите говорат сами за себе. Модата се смета за една од најзагадувачките индустрии во светот, а 1.135-те луѓе кои загинаа во рушењето на деловната текстилна зграда Рана Плаза во Бангладеш остануваат постојан потсетник на ужасните услови во кои работат и страдаат секојдневно текстилните работници.
Решението може да биде во големиот број на иновации со кои би се развиле помалку отровни материјали, нови технологии кои можат да ја трансформираат облеката од една во друга намена, слично како рециклажата на хартија.
Светската еколошка организација Гринпис постојано води кампањи против ткстилните индустрии за намалување на употребата на отровни хемкалии и вршат постојан притисок да им се даде на работниците барем минимум плата за поддршка на нивните семејство и нив самите.
Постојат исто така голем број движења и организации, како што е Модната револуција, кои бараат алтернатива за купувањето нова облека. Нивните предлози се отворање на штедливи продавници, каде можете да си ја замените облеката со вашите пријатели или мколеги, или да изнајмите облека за специјални прилики.
Се чини дека на големите производни компании не можете да им го скршите брзиот систем кој тие намерно го имаат креирано, но, расте и бројот на оние кои преземаат акција да ги направат нивните производи поодржливи.
Речиси три четвртини од Најк патиките сега содржат материјали кои се рециклирани од нивните сопствени производни процеси. H&M инвестира во нова рециклирачка технологија и им нуди во своите продавници поени они купувачи кои ќе ја донесат и донираат својата стара облека.
Но, мора да се направи многу, многу повеќе. Прво и најважно, големите модни компании мора да бидат поотворени кон јавноста за нивното еколошко и социјално влијание, како и влијанието на нивните производи. Не е ни чудно што клиентите продолжуваат да купуваат максимум, ако не ја чувствуаат поврзаноста меѓу она што го купуваат и загадувањето на животната средина и социјалното влијание врз земјите во развој.
Дури и за едно парче облека што ќе го купи од органски памук, купувачот нема поим дали фабриката што го направила ги третира фер работниците или дали поради отровите на таа фабрика изумреле локалните реки.
Но, се додека модната индустрија нема директна одговорност да преземе акција, на секој од нас му останува одговорноста да мислиме кога купуваме облека. Подзастанете секој пат кога ќе ве фати треска за купување поради новата колекција на некој бренд. Едноставно запрашајте се, дали навистина ми треба ова, дали ќе ме направи помалку среќен ако купам уште едно парче облека плус, или пак светот ќе изгледа поубав ако не го купам и не загадувам?