Најглупавите работи кои познатите некогаш ги изјавиле

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

На сите ни се случува да кажеме бесмислени работи, да не размислиме и да се “истрчаме” со зборови. Но, кога си позната личност тоа не ти се заборава, посебно ако е заради општа неинформираност. Во продолжение прочитајте дел од најглупавите работи кои некогаш ги изјавиле познатите.

“Се што може лошо да и се случи на една личност ми се случи и мене”.Парис Хилтон во 2011 година во интервју со Пирс Морган. Војнам болести, смрт и така натаму..се тоа е во минатото на Хилтон. Кој да знае…

“Секогаш сметав дека Мерилин Монро изгледала прекрасно, но јас би се убила ако сум дебела како неа”. Елизабет Харли во обид да и даде комплимент на една од најпосакуваните жени на сите времиња.

“Мислам дека филмот Clueless беше многу длабок филм. Беше длабок токму заради неговата леснотија. Мислам дека светлоста мора да дојде од многу длабоко место ако е вистинската”. Алиша Силверстоун во обид за умен коментар.

“Крис Браун те претепа бидејќи не си доволно убава”. Аманда Беинс вака се обрати на Твитер на нејзините 3 милиони следбенци откако Крис Браун ја истепа Ријана.

“Јас не разбирам зошто сите се во страшна паника за ураганот, јас си го викам Сали инаку. Престанете да ширите негативна енергија. Мислете позитивно и молете се за мир”. Линдзи Лохан рече… Инаку таа мисли на ураганот Сенди кој однесе и жртви со себе.

“Јас мислам дека геј брак треба да биде помеѓу маж и жена”. Рече Арнолд Шварценегер. Да, навистина рече и остана жив во 2003 година, како аргумент против геј браковите.

“Ана била супер девојка. Се надевам дека ќе беше Belieber.” Џастин Бибер за време на посета на куќата на Ана Франк. Инаку Belieber е збор кој ги означува сите фанови и следбеници на животот и делото на Бибер.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот