Рафаел Надал потврди дека ќе превземе правни мерки против Розелин Бачелот, откако поранешната Француска министерка за спорт, изјави дека наводно Надал паднал на допинг тест во 2012 година. А тоа пробал да го сокрие така што лажирал повреда.
Давајќи изјава на Индијан Велс, каде настапува моментално, Надал изјави: “Ќе ја тужам и нејзе и секој друг што во иднина ќе изјави нешто слично, бидејќи веќе сум уморен од тоа. Повеќе пати до сега имам слушнато вакви коментари, меѓутоа ова ќе биде последен, бидејќи ќе ја тужам. Уморен сум веќе од овие работи. Го дозволив ова неколку пати во минатот, но не повеќе. Министер во Француската влада треба да биде сериозен. Овој пат нема да седам на страна, туку ќе одам против неа“.
После скандалот од претходната недела кога Марија Шарапова изјави дека била позитивна на допинг тестот, Рафаел Надал излезе со изјава дека тој бил секогаш чист.
“Јас сум комплетно чист! Никогаш не сум бил во искушение да направам нешто нелегално“, изјави поранешниот рекет број 1.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот