My Burberry Black е новиот парфем кој треба да се најде во чантата на секоја жена!
Тој е инспириран од препознатливиот и безвременски тренч мантил на брендот.
Главната улога за кампањата на новиот парфем овој пат и припадна британската актерка Lily James. Ова е првата глобална кампања за која актерката е ангажирана.
Кампањата е дело на познатиот моден фотограф Mario Testino, со насоки од креативениот и извршен директор на брендот Christopher Bailey.
„ I put a spell on you“- е нумерата која се појавува во кампањата во изведба на бртанската пејачка Duffy. Кампањата ќе може да ја погледете од денес и да ја почувствувате моќната миризлива нота на парфемот.
Имено парфемот е дело на главниот, креативен и извршен директор на брендот во соработка со познатиот нос (професионалец за создавање на парфеми) Francies Kurkdjian.
My Burberry Black мириса на јасмин, и праска со допир на роза. Слатскиот мирис е длабок и волшебен, едноставно совршен за финширање на комплетниот изглед кај жената.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот