Едно скорешно истражување во Америка покажува дека ако редовно јадете лути пиперчиња, тоа може да ви го продолжи животниот век. Во истражувањето учество зеле 16.000 Американци и тоа е спроведено во период од деветнаесет години. Крајните резултати покажале за 13% помал ризик од рана смрт кај луѓето што јаделе луто.
Бидејќи се работи за опсервациона студија, не е понуден никаков доказ за поврзаноста помеѓу смртноста и лутите пиперчиња. Но, од порано постојат докази дека зачинетата храна може да го продолжи животот и дека постојат здравствени бенефити.
Причината за ова е капасаицинот кој се содржи во лутата пиперка, а кој предизвикува чувство на печење на секој ден од телото кој ќе го допре. Самиот капасаицин може да влијае позитивно на дебелината, а делува и како антиоксидант, помага при воспаление на грлото и кај некои видови рак.
Истражувачите сепак истакнуваат дека зачинетата храна не им одговара на сите, особено не на лицата што имаат гастрономски проблеми, лицата кои тешко ја варат храната, оние кои имаат чир на желудникот и слично.
На крајот се заклучува дека треба да се спроведе уште една студија за да се открие што точно го предизвикува позитивниот ефект на лутите пиперчиња врз животниот век на луѓето.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот