Модните трансформации на Викторија Бекам

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Трансформациите на стилот, на личниот имиџ се многу чести во светот на богатите и славните, но Викторија Бекам може да се вброи во жените со најголема и можеби најубава трансформација воопшто.

Од член на групата Спајс Грлс таа стана вистинска модна икона со сопствен моден бренд кој е меѓу омилените на девојките во Велика Британија.

Поранешната Пош Спајс не само што експериментираше со облеката, туку и со фризурите, од обична девојка се трансформираше во моден предводник. Секако, во полза ѝ оди и фактот што е мажена за Дејвид Бекам, фудбалерот што постави многу стандарди кога се во прашање машката мода, негата на мажот и фризурите. А по нивните стапки чекорат и нивните деца.

Познанството со Ана Винтур, уредничката на Вог, дружењето со Карл Лагерфелд, Роберто Кавали, Долче и Габана, Џоан Колинс, Наоми Кембл, Шерил Кол и бројните луѓе кои се на врвот на модната индустрија, имаа, исто така влијание на стилот на Викторија Бекам…

А тој, денес, е беспрекорен. Погледнете ги сликите за да се уверите.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот