Модни лекции од Џиџи Хадид

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Џиџи Хадид е новата модна икона, а тоа што е во врска со Зејн Малик, поранешниот член на групата One Direction, само ѝ оди во прилог.

Фотографите ја следат на секој чекор само за да видат со кого е, ама и да ја сликаат модната комбинација за тој ден.

Џиџи навистина станува икона на стилот во која многу девојки го гледаат својот нов моден идол.

Оваа млада трендсетерка има свој личен стилист што се грижи таа секогаш да изгледа беспрекорно, без разлика дали е во спортска облека или во вечерен фустан.

Омилениот стил на Џиџи е спортскиот, па таа поседува голем број тренерки, патики и јакни коишто ги комбинира и тие секогаш изгледаат совршено на неа.

Не е важно дали ќе одбере црна боја или пастелна нијанса, тренерка со линија од страна дополнета со капу - Џиџи секогаш изгледа шик.

Всушност, и при комбинирањето спортска облека, важни се асесоарите, а Џиџи секогаш внимава на нив.

И никогаш не носи тесни тренерки, туку малку пошироки, които делуваат како панталони, па можат да се комбинираат дири и со салонки или со кратки чизми.

Ако сте доволно храбра, можете да пробате сè. Храбра сте, нели? Само следете ги модните совети на Џиџи Хадид, нема да згрешите.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.