Дали знаете дека коректорот се нанесува над течната пудра?
Токму така! Неговата улога е да го покрие сето она што не успеала пудрата, да осветли одредени делови на лицето и токму затоа е бесмислено да се стави директно на кожата. Ова ќе ви го каже секој добар мејкап артист.
Ова се однесува на коректорот за подочниците, не за тој што се става врз мозолчињата или за да се покријат неправилностите на лицето.
Повеќето жени прават една голема грешка – тие коректорот за подочниците го нанесуваат како на сликата – точки или линија во вид на полумесечина под самото око.
Секако, ова делува како најлогичното место да го нанесете, тој дел од лицето сакате да го осветлите… а и името му е „коректор за подочници“, зар не?
Па не баш. Ако го нанесете коректорот на овој начин, тогаш темните кругови под очите ќе ви станат уште поизразени и ќе изгледаат како бели кругови.
Веројатно илјада пати сте виделе жени што имаат светли кругови околу очите, а причината за ова е погрешната тактика при шминкањето.
За среќа решението е едноставно – коректорот се нанесува во вид на триаголник под очите. Погледнете го видеото и ќе го видите вистинскиот начин на кој треба да го нанесете коректорот за лицето да ви делува секогаш свежо.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот