Во текот на летните месеци, нежните марами се одличен моден додаток. Можеби помисливте како би носеле марама на 35 степени целзиусови, но факт е дека марамата не е само за околу вратот. Модните блогерки во последно време успеваат да не убедат дека марамата може да ја носиме на многу стилски начини. Овој ефектен додаток е одличен во деновите кога сакате да постигнете лежерен, но шик изглед.
Блогерката Камила Чариер ни покажа марама која доловува каубојски изглед е толку секси.
Ако на вашите панталони им треба нов изглед, постигнете го со помош на марама. Носете ја наместо колан, нека биде од свиленкаст материјал и заврзете ја на страна.
Блогерката Анум Башир ни покажа дека марамата во каубојски стил може да биде многу поинтересна доколку на јазолот ставите брош.
Блогерката Сузан Фернандес обожава да ги носи марамите на невообичаен, романтичен и женствен начин. Направете го и вие тоа и ставете марама околу струкот, баш како во стилот на Одри Хепберн.
И ако сакате да постигнете тотален шик изглед одберете марама со ист дезен како вашиот блејзер, кошула или сако, како што тоа го прави модната блогерка Пандора Скајс и постигнува толку многу можен изглед.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот