Македонското трио BDM со трет сингл на англиски ќе ги овојува светските топ листи

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Run n’ Hide e новата песна на македонското продуцентско трио BDM. На песната, чија промоција е денес, тие прв пат соработуваат со машки вокал - Alex V. Ова е трета песна на македонскиот бенд, овој пат направена во електронски амбиентален звук. Како и претходните две, таа е испеана на англиски јазик. Run n’ Hide е во издание на Paragon Record Label.

„Alex подолго време ни е соработник во тимот на Paragon Record Label. Но, тој сега прв пат се појавува како главен вокал на една наша песна. Претходно работеше со BDM и продукцијата на Paragon како ghost writer. Музиката и аранжманот ги направивме ние тројца, а текстот е работен заедно со Аlex V“, велат момците од BDM.

Тројцата композитори и продуценти, кои на сцената се појавија во 2018 година, истовремено го промовираат и спотот за песната Run n’ Hide. Режисер на видеото е Дарко Митев, а главната улога ја има Maryse Jolene.

Но, момците од BDM не застануваат тука. До крајот на годината тие ќе го издадат својот деби албум, State Of Mind. Албумот ќе ги вклучува и нивните два претходни сингла: Lее, на кој им гостуваше Јова Радевска – Yova; и U&I, кој го снимија во соработка со пејачката од Јамајка, Khaleen. Тие во моментов работат на нови песни, нако и ќе им гостуваат пејачи од целиот свет.

„Музиката ја работиме на англиски јазик бидејќи Paragon Record Label овозможува музиката да ни биде чуена низ целиот свет и со самото тоа можеме полесно да се промовираме на светскиот музички пазар. Втората причина е што целта на овој бенд е да настапува на фестивали низ Европа и на останатите континенти. Но тоа што работиме на англиски не значи дека еден ден нема да снимаме песни и со македонски текстови“, додаваат од BDM.

Во текот на следната недела Paragon Record Label ќе го објави онлајн натпреварот на светско ниво за најдобар ремикс на Run n’ Hide. Победникот на овој ремикс натпревар ќе добие директна промоција на неговата музика од страна на Paragon Record Label и можност за понатамошна соработка со оваа издавачка куќа.

За BDM

BDM е македонски бенд што започна да работи на својот деби албум State Of Mind во 2018 година. Со екпирементален жанровски инфлуенс, овие три момци планираат да направат една нова димензија во музиката, каде што секоја песна ќе има приказна сама за себе. Со модерен звук и продукција, нивната цел е музиката да се крене на едно ново ниво. Мотивирани и фокусирани на самиот звук, BDM се стреми да стане светски продукт и во брза иднина да остават свој белег и да се чуе што подалеку за нив.

За Paragon Record Label

Paragon Record Label е независна издавачка куќа, која комбинира љубов кон музиката и страст за квалитет во музичкиот бизнис. Посветени се на долгорочен развој на нови артисти, бендови и диџеи. Нивната мисија е да им обезбедат на своите соработници шанса да бидат слушнати на сите музички онлајн платформи за да можат полесно да се промовираат, но не само во Македонија, туку и на глобално ниво.

Сите членови потпишани под Paragon Record Label можат да бидат чуени во ветот преку најдобрите платформи за музички стриминг како што се iTunes, Spotify, Google Play, Apple Music, Deezer, Neurotic, Pandora, Shazam + 150 други платформи. Paragon Record Label има свое музичко студио за снимање со целосен спектар на музика, специјализирано за продукција, миксање, мастеринг, изведување, заштитување на авторски материјал, маркетинг, менаџмент и сите останати услуги кои што можат да бидат понудени од светски музички издавачки куќи.

„Врз основа на искуство во музичката индустрија и бизнисот, и со цел да им помогне на брилијантни уметници да го достигнат својот целосен потенцијал, членови на нашиот рекорд лејбл со кои неодамна работевме продолжија да потпишуваат големи договори, да обезбедат нивната музика да биде слушната на светски радија, да работат со текстописци од регионот и од целиот свет. А тоа е бидејќи нашата музика е достапна и може да се слуша низ целиот свет. Наша мисија е да обезбедиме свежи идеи, можности и искуства за уметниците, следејќи ги современите трендови во музичката индустрија“, велат од Paragon Record Label.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.