Луѓето се заедно сè додека сакаат да бидат заедно

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Ниту должност, ниту чест, ниту морал не ги врзуваат луѓето еден за друг. Кога некој сака да замине, тој ќе го стори тоа без разлика на се.

Кога некој сака да остане, тој останува. Ете, толку е едноставно.

Кога некој сака да биде со вас, нема да му пречат вашите недостатоци. Кога сака да замине, ниедна ваша доблест нема да го задржи.

Без разлика на надворешниот изглед, секогаш постои личност што ќе ве сака.

Но, без разлика на тоа што изгледаме одлично, секогаш ќе се најде некој што ќе не отфрли.

Ако ве одбие, тоа не значи ништо. Нема да ве направи помалку од тоа што сте, навистина не е страшно. На светот постои пар за секој човек.

Ценете го она што го имате, не се жалете за она што сте го изгубиле и не се плашете да изгубите.

Радувајте се на тоа што постои човек што ве осветлува. Колку е поголема светлината што таа личност ја носи во вашиот живот, толку и стравот ќе биде помал. Колку е стравот помал, помалку ќе имате темнина во душата.


Колку повеќе подарувате љубов и сакате, толку поцврст тим ќе создадете.

Не заборавајте во тој процес да му дозволите на другиот да биде уште некој, освен огледало на вашата љубов. Дајте му живот и вон вашата врска.

Нема да замине, ако сака да остане.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар