Кралска заводливост: Кралицата Летиција блескаше во црвен фустан

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Едноставна, заводлива и атрактивна…кралицата Летиција не воодушеви со последното издание покажувајќи дека умее да биде и тоа како заводлива.
Шпанската кралица Летиција блескаше во црвениот фустан кој ја прати линијата на телото со должина до колената. Фустанот со популарен детаљ оклу струкот ги потенцира колковите и целото женско тело го прави позаводливо…
43 годишната кралица овој фустан го комбинирала со црвени салонки, а косата и е фатена во ниска пунџа. Впечатливиот фустан го истакнува виткото тело на кралицата.
Кралицата Летиција со сопругот кралот Филип VI во палатата Зарзуела во Мадрид примила двајца гости, светскиот првак во уметничко лизгање Хавиер Фернандез и мексиканскиот писател Фернандо дел Пасо на кој во таа прилика му била врачена наградата Мигуел де Сервантес која секоја година се доделува за животно достигнување на писател на шпански јазик.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот