Според податоците на Форбс направени за 2015 година, Кристијано Роналдо само таа година заработил неверојатни 79,5 милиони долари, од кои 52,6 милиони му е годишната плата, а 27 милиони му се од екстра бонуси и спонзорски договори. Имал или сеуште има потпишано договори со спонзори како што се Tag Heuer, Motorola, Emporio Armani, Nike, Coca-Cola, Castrol, Konami, Samsung, а сопственик е и на сопствениот бренд ЦР7 што само му ја зголемува заработката.
Но колку навистина заработува овој 31-годишен фудбалер?
-Според некои истражувања, тој заработува 6.583.000 долари месечно, што значи дека заработува околу 219.434 долари дневно, а за само еден час тој заработува 9.143 долари, па така доаѓаме до податокот дека за една секунда тој заработува 152,38 долари, независно дали јаде, спие или се забавува со манекенки. Онолку колку што еден просечен Македонец заработува за цел месец, Роналдо толку заработува за една секунда.
Но што значат сите тие пари ако ги ставиме во практична примена?
-Роналдо треба да работи само 15 денови за да си купи приватен остров
-Потребен му е само еден ден за да може да си дозволи луксузно возило од 209.000 долари, а инаку е голем заљубеник во автомобилите и веќе поседува: Ауди Р8, Ауди РС6, Масерати ГранКабрио, Ферари 599 ГТО, Ламборџини Авентадор ЛП-700, Порше Кајен Турбо, Астон Мартин ДБ9, Ролс-Ројс Фантом, и многу други. Последна аквизиција му е Бугати Вејрон од 1.700.000 долари, а досега на возниот парк има потрошено околу 5.000.000 долари.
-Тој би морал да работи само 51 ден, 2 часа, 16 минути и 39 секунди, за да обезбеди тотално чиста вода за околу милион луѓе од земјите од третиот свет.
-Доколку Роналдо посака златен Ајфон кој чини ситни 3.390 долари, тој мора да се мачи цели 20 секунди. Но тој не мора воопшто да работи за ова. Тој поседува златна футрола за Ајфон 6 која е специјално за него креирана од 24 каратно злато и вреди повеќе од 6.000 долари. Така да, неговата футрола е поскапа од самиот телефон.
Роналдо е еден од најдобрите фудбалери на денешницата, а после Дејвид Бекам можеби и најголема модна икона помеѓу фудбалерите. На фејсбук го пратат неверојатно 102 милиони луѓе, и 35 милиони на твитер. Тој е пета личност на светот според Форбс според бројот на луѓе кои го пратат на друштвените мрежи.
Од моментот кога е започнат текстов, па се до сега, Роналдо заработил 18.286 долари. Фасцинантно, зарем не?
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.