
Составувањето на списокот со гости е еден од најтешките делови при организирањето на венчавката.
Едно од прашањата во тој процес е кого да го поканите од работа, а кого не? Од една стана веќе имате одреден буџет кој не сакате да го надминете, но од друга страна, секако не сакате да навредите никој од колегите со тоа што нема да ги поканите.
Ако работите во фирма со голем број вработени, секако ќе ги повикате најблиските соработници, но ако сите вработени се не повќе од дваест луѓе, тогаш е потешко да се направи селекција.
Иако можеби очекувате да ви понудиме магично решение за оваа дилема, вистината е дека го нема.
Единствено што може да направите е навистина да си го послушате срцето.
Замислте кои луѓе навистина ги сакате до вас во тој драг момент. Повлечете линија меѓу тоа да бидете пристојни и да го израдувате срцето со оние најдрагите.
Венчавката е голем ден, затоа и гостите треба да бидат големи во вашето срце!