Секој работен ден е тежок заради големиот број работни обврски, времето кое никогаш не е доволно да се завршат истите, стресот кој е задолжителна појава на сето ова.
Но, кога денот завршува имате можност да се опуштите и да пробате да не мислите на задачите кои сте ги оставиле зад вас, бидејќи и онака не можете ништо да промените.
Но, дали знаете која е првата работа што луѓето ја прават следниот ден штом пред да дојдат во канцеларија?
- Се будат – да
- Се расонуваат – да
- Појадуваат – да
- Се тушираат – да
- Некои вежбаат -да
- Се подготвуваат – да
Помеѓу овие активности има една која се заборава или прави механички така што веќе никој не ја забележува, а тоа е проверување меил. Токму така – најголем дел од луѓето во работен однос штом ги отворат очите, проверувањето на електронската пошта е првата работа задача.
80% од луѓето кои користат паметни телефони ја проверуваат е-поштата пред да ги измијат забите.
Основачот на Tumblr, Дејвид Карп, се противи на оваа навика на луѓето и вели дека проврувањето на меил да го остават за после 9:30 или 10:00 часот. Како причина го наведува тоа што читањето меилови од одма никако не може да влијае на продуктивоста и ја тера личнота да се чувствуват лошо.
Тој вели: “Ако нешто е премногу итно тогаш сигурно некој ќе ми се јави на телефон или ќе ми напише порака”.
Така што, ако утринава се уште не сте ги провериле меиловите од дома, немојте да го правите тоа, оставете да бидат првата работна задача штом стигнете во канцеларија.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот