Конечно викенд! Топла постела, шолја топол напиток, некоја книга во вашите раце или пак филм кој сигурно ќе ви го одвлече вниманието од секојдневните обврски. За поактивните, овој викенд можат да се рекреираат во прошетка во најблискиот парк, планина или село.
Овој викенд Хотел Влахо ви предлага:
Книга:
Евгениј Хоуп - „Годините кога научив да летам“
Авантура. Мистерија. Филозофија. Ова е приказна која зборува за решителноста на еден млад човек да напушти сѐ во животот и да тргне на патување низ европските патишта со една цел – да го најде внатрешниот мир на островот, за кој и не е сигурен дали воопшто постои.
Филм:
„Малиот Бигфут“ оригинален наслов : „The son of the BIGFOOT“ / Анимиран / цртан, Авантура.
Тинејџерот Адам тргнува на епско патување во потрага по неговиот мистериозно изгубен татко, за да дознае дека всушност тој е легендарниот Бигфут!
Дестинација:
Водно! Планината ве повикува!
Планината е сместена во јужниот дел на Скопската Котлина, северна Македонија. Водно има поволна географска положба, бидејќи во негова близина се наоѓаат важни патишта, железници и најпрометното место во земјата, градот Скопје.
Ако се решите за овој тип на прошетка и рекреација во природа не заборавајте да земете воздишка на врвот и да се напиете топол планински чај.
Се гледаме на врвот!
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.