Кога мината година во ноември стапи на сила Парискиот договор, глобалниот фокус на политиката на климатските промени беше насочен кон намалување на употребата на фосилни горива.
Зголемената загриженост поврзана со загаденоста во европските градови доведе до потреба да се направи ново истражување за загаденоста, нејзината штетност што, всушност, е најголемиот предизвикувач на оваа појава.
Еко експертите креираа мапа на која се гледа кои се најзагадите држави во светот. Податоците се добиени со споредба на неколку податоци меѓу кои и загаденост на воздухот, вкупната емисија на карбон диоксид во воздухот и смртноста на населението. Резултатите треба да се индикација за опасностите што постојат во земјите и проблемите што тие може да ги предизвикаат врз нивното население. Во испитувањето биле вклучени 135 земји.
Мапата покажува дека земјите богати со нафта, оние од Средниот Исток, доминираат на мапата. Најзагадеба земја во светот е Саудиска Арабија. Македонија, пак, е на 17 место.
А кои се другите најзагадени земји во топ 20?
1.Саудиска Арабија
2.Кувајт
3.Катар
4.Бахреин
5.Обединети Арапски Емирати
6.Оман
7.Туркменистан
8.Либија
9.Тринидад и Тобаго
10.Иран
11.Луксембург
12.Бугарија
13.Босна и Херцеговина
14.Монголија
15.Кореа
16.Казахстан
17.Македонија
18.Сингапур
19.Ирак
20.Кина
Според авторот на мапата, Џон Витлинг од Еко Експертс, мапата треба да им укаже на земјите дека мора да преземат мерки за намалување на загаденоста, не само заради сопственото население, туку и за доброто на луѓето од целиот свет.
Извор: weird.co.uk
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот