Кога е вистинско време да почнете да штедите за деца

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Да се има деца е навистина скапа работа. Трошоците веднаш се зголемуваат, просекот на месечни трошоци кои претходно сте го имале и ви бил пресметан, сега веќе е двојно зголемен и тоа важи само во првите 6 месеци откако ќе имате бебе. Потоа, како што ќе расте, така и трошоците ќе земаат се поголем замав. Ќе почне да се храни, ќе му треба нова облека и останати тековни предвидени и непредвидени трошоци.

После 9 месец кога мајката треба да почне со работа, доаѓаат нови трошоци за градника кои не вклучуваат сао месечен надомест, туку и останати додатни плаќања кои ви ги кажуваат во градниката.

Тоа не значи дека треба да се откажете од идејата за дете, туку да почнете да штедите на време, уште кога ќе разговарате со партнерот на оваа тема.

Во Америка, просечно семејство троши 11 000 долари само во првата година од животот, а приближно 250 000 долари додека наполни 18 години.

Никогаш не е премногу рано да почнете со штедење за деца, дури и ако не сте во брак. Секоја единка во врската може да го стори тоа, ако некогаш во животот планира деца.

Кај паровите кои не сакаат веднаш да имаат деца е многу полесно да заштедат откако ќе влеат во брак, бидејќи е полесно на почетокот. Кога ќе дојде детето на свет, не само што од платата ќе ги пресметувате трошоците за пелени, млеко, креми, лекарски трошоци и останато, туку ќе имате потреба да го отворите „бебе фондот“. Згора на се, тука е товарот за иднината, како родител ќе почнете да размислувате и за тоа, како да заштедите пари за нивната иднина, за школување, патувања и слично кои секако ќе дојдат како ќе поминуваат годините.

Така што ако планирате да имате деца еден ден, почнете да штедите веднаш. Сега нема да ја почувствувате разликата, но тогаш ќе бидете благодарни што сте го направиле овој чекор на време.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.