Топлите денови се незамисливи без клима уредите. Со нив го разладуваме домот и канцеларијата, но освен тоа што тие можат да ни го разладат просторот, можат и да го замирисаат.
За да ја исполните просторијата во која престојувате со пријатен мирис, без мирисни свеќи или апарати кои се вклучуваат во струја, можете да го искористите клима уредот.
Постапката е едноставна, се што ви треба се хартиени марамчиња за раце или салфетки и етерично масло.
Се прашувате како со клима уредот да го замирисате домот со вашиот омилен мирис?
Под крилцата низ кои струи ладниот воздух од уредот, со помош на самолеплива трака залепете го парчето хартија (хартиено марамче или салфетка) кое сте го напрскале со омилениот мирис на етерично масло. Со помош на струењето на воздухот, мирисните ноти ќе го исполнат вашиот простор.
Доколку сакате да престојувате во опуштена атмосфера тогаш мирисот на лаванда е одличен за тоа, ако пак сакате да го прочистите воздухот, користете еукалиптус и пеперминт, додека пак маслото од ружа може да придонесе за подигање на расположението.
Играјте слободно со мирисите!
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот